spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Стипендии за истражувачки, докторски и постдокторски студии во Швајцарија за 2023-2024...

МОН: Стипендии за истражувачки, докторски и постдокторски студии во Швајцарија за 2023-2024 година

Министерството за образование и наука информира дека сојузната Комисија за стипендии за странски студенти на Владата на Швајцарија ќе додели 20 – 30 стипендии за студенти од државите во Централна и Источна Европа како и од Кавказот за академската 2023-2024 година.

 

Овие стипендии им овозможуваат на високо квалификувани млади дипломци од разни области, со можност истите да го продолжат школувањето на истражувачки, докторски и постдокторски студии во Швајцарија на некои од државните универзитети или признаени институции (Швајцарските Универзитети, Федерални Институти за технологија, Институти за учење и истражување како и Универзитетите за применети науки)

 

Достапни се три вида стипендии:

–         Истражувачка стипендија

–         Докторска стипендија

–         Пост-докторска стипендија

 

Понудата не вклучува стипендии за додипломски и магистерски студии.

Подетални информации за трите вида стипендии, важечки за македонските студенти,  може да се најдат на интернет страницата на Амбасадата на:   www.eda.admin.ch/north-macedonia .

 

Апликациите како и останатите потребни документи може да подигнат од Амбасадата ( Тел: 02 3103300, e-mail: skopje@eda.admin.ch)

 

Кандидатите потребно е да ја достават целосно пополнетата апликација во хартиена оригинална верзија и во копија до Амбасадата на Швајцарија во Скопје, најдоцна до 15 ноември 2022 година.

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...