spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Општина Гевгелија меѓу најтранспарентните институции

Гевгелија: Општина Гевгелија меѓу најтранспарентните институции

Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за мерење на степенот на активна транспарентност на државните институции за 2022 година, Општина Гевгелија е меѓу најтранспарентните инситуции, чија активна транспарентност изнесува 92,9 од 100%.

Со ваквиот процент, Општина Гевгелија се наоѓа во групата институции со „многу добра“ активна транспарентност, односно исполнување на обврските од 80% до 100%.

Од испитаните 98 државни институции, Општина Гевгелија е рангирана на 13 место, а меѓу Општините од Југоисточниот регион, годинава е повторно меѓу најдобрите институции со многу добра активна транспарентност, односно рангирана на второто место.

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

Македонски Брод: Реконструкција на улицата “Васко Карангелески” и “Илинденска”

0
Активностите за реконструкција на улица “Васко Карангелески” и улица “Илинденска”, кои се наоѓаат во централното подрачје на градот, се во завршна фаза.     ...