HomeОпштиниКочани: Ученици од ОУ „Раде Кратовче“ – Кочани учесници на 16. Меѓународна...

Кочани: Ученици од ОУ „Раде Кратовче“ – Кочани учесници на 16. Меѓународна колонија на анимиран филм во Ниш, Србија

spot_img
spot_img

Ученици од ОУ „Раде Кратовче“ – Кочани во периодот од 18 до 22 Јули, беа учесници на 16. Меѓународна колонија на анимиран филм.

Станува збор за работилница за цртан филм во скоп на Одделението за книги за деца, Народна библиотека „Стеван Сремац“ во Ниш, Р. Србија, кадешто учениците изработија анимиран филм на хумористичната народна песна „Медведова женидба“.

На работилницата освен учесниците од Македонија, учествуваа ученици и од Србија и Република Српска – Босна, под менторство на професори за цртање од Србија, Бугарија и Словачка.

Учениците од ОУ „Раде Кратовче“, учесници на Меѓународна колонија на анимиран филм во Ниш, вчера остварија средба со градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.

Извор: Општина Кочани

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија