spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Целосно реализирани годинашните активности за заштита од комарци

Гевгелија: Целосно реализирани годинашните активности за заштита од комарци

Со втората ларвицидна дезисенкција која неделава беше извршена на подрачјето на Општина Гевгелија, заврши и годинашниот третман против комарци. Согласно одлуката на Советот за развој на ЈИПР и спроведената тендерска постапка, на подрачјата на десетте општини беа извршени две авионски прскања против возрасни комарци и две прскања со расфрлања гранулати на лоцирани места со жаришта на ларви од комарци.

Во општина Гевгелија, третманот против комарци започна со првото авионско прскање кое беше спроведено во втората половина на јуни, годинава, а по неговата реализација уследи и првото ларвицидно прскање во првата половина на јули. Втората авионска дезинсекција беше извршена на крајот од јули, а последната активност од третманот, односно второто ларвицидно прскање во првата половина од август.

Иако годинава дезинсекцијата започна многу подоцна поради техничките проблеми во Ситемот за јавни набавки кои го одложија спроведувањето на постапката за избор на изведувач, како и непогодните временски услуги кои беа причина плус за одлагање на предвидените термини за прскањата, сепак, планираните активности за заштита од комарци беа целосно спроведени.

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации,...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата...