spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Ана Папалазова прогласена за Ученик на генерација во СОУ „Јосиф Јосифовски“-...

Гевгелија: Ана Папалазова прогласена за Ученик на генерација во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија

Ана Папалазова е годинашниот Ученик на генерација во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, прогласена со едногласна одлука на Наставничкиот совет при Училиштето.

Како што истакна директорката на СОУ „Јосиф Јосифовски“, Марија Танева, која и ја врачи наградата за Ученик на генерацијата, ова високо признание е стекнато со нејзините учества на 40 државни и меѓународни натпревари за ученици во средно образование и освоените 30 награди.

Во нејзините успеси, покрај освоените награди на Регионалните натпревари по природни науки, се вбројуваат и освоените награди на државни и меѓународни натпревари: Прва награда на Државниот натпревар по биологија 2021, Златен медал на Интернационалниот математички предизвик IYMC 2019 и пласман во најдобрите 5% од натпреварувачите од цел свет, Златен и сребрен медал на Меѓународната олимпијада по финансиска математика и актуарство ОФМА 2021 и ОФМА 2022, Златен медал и Прво место на финалниот круг на „Кенгур 2019“, Први места на Државниот математички натпревар „ПИ-ДЕН“ 2021 и 2022 и Трета награда на Државниот напревар по биологија 2019.

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте