spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПрилеп: Одбележани 120 години од раѓањето на Методија Андонов-Ченто

Прилеп: Одбележани 120 години од раѓањето на Методија Андонов-Ченто

Заедничка делегација на Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп како и делегации на политичките партии, денес положија свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто во центарот на градот.

Оддавањето почит пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, е по повод одбележувањето на 120-годишнината од неговото раѓање.

Методија Андонов – Ченто е македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ, кој со своите дела во текот на својот живот, го трасираше патот по кој треба да чекорат идните генерации, водени од идејата за самостојна, независна и суверена Република Македонија. Роден е во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година, во својот роден град.

Извор: Општина Прилеп

Прочитајте

УЈП: Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријавите, системот Е – Даноци...

0
Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека поради зголемен прилив на поднесувања на ДДВ-04 пријавите, некои даночни обврзници имаат потешкотии при поднесувањето на...