spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Училиштата подготвени ќе ги прифатат учениците во новата учебна година

Илинден: Училиштата подготвени ќе ги прифатат учениците во новата учебна година

По повод почетокот на новата учебна година, градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски направи обиколка на централните и подрачните основни училишта, детската градинка и средното општинско стручно училиште. Дополнително на тоа, новитет оваа година е отворањето на новото основно училиште во населба Илинден.

При посетата беше констатирано дека сите училишта подготвени ќе ја отпочнат новата учебна година и се спремни просторно, како и со воспитно-образовен кадар кој во целост ќе ја спроведе предвидената образовна програма за учениците.

Во текот на летниот период извршени се градежни активности во сите училишта, санација на оштетени делови, хортикултурно уредување на дворните површини, како и целосна дезинфекција на училниците и просториите кои се наоѓаат во училишните згради.

Училиштето е високоенергетски ефикасен објект, со иновативен пристап и воведени нови технологии и еколошки материјали, со греење и ладење со алтернативни извори на енергија, опремено според највисоките безбедносни стандарди. Училиштето располага со 14 училници, наставничка канцеларија, конференциска сала, пет тоалети како и три простории за кујна со трепезарии. Сите простории се опремени со потребниот инвентар според највисоките нормативи и стандарди. Карактеристично за новото училиште е тоа што има и сензорна соба за поголема инклузија на децата со попреченост. Основните придобивки од отворање на ова училиште се модернизирање и проширување на просторните капацитети како и за прв пат воведување на настава со продолжен престој за учениците од прво одделение и обезбеден топол оброк.

Надворешниот дел на објектот е хортикултурно уреден, поставена е фекална и атмосферска канализација, извршен е приклучок на училиштето на водоводниот систем, изградена е нова трафостаница која го снабдува со стабилен и квалитетен електричен напон училиштето, поставени се канделабри за осветлување, инсталиран е оптички интернет, извршено е заштитно оградување на училиштето како и изградени се два паркинг простори, еден за родители и еден за вработените во училиштето.

За успешен почеток на новата учебна година подготвено е и ООУ ,,Ристо Крле” од Кадино, каде во централното училиште опремени се три кабинети со смарт табли, опремен кабинет по музичко образование со догитално пијано, електронски информатор во холот на училиштето, молеро-фарбарско уредување како и уредување на паркинг простор како би се подобрила безбедноста на движење. Во подрачните училишта во Мралино и Бунарџик реновирани се тоалетите, уреден е влезот на училиштето со заштитна ограда и пристапен влез за лица со инвалидитет, уредени се дворните површини и детското игралиште. Интензивно се работеше и во останатите училишта во делот на инфраструктурата, како и осовременување и унапредување на квалитетот на воспитно-образовниот процес.

 

 

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...