Илинден: Изградба на пешачка патека

ОпштиниИлинден: Изградба на пешачка патека

Најчитано

Во рамки на активностите за подобрување на безбедноста во сообраќајот започна изградба на нова пешачка пaтека во населба Илинден. Пешачката патека ќе биде  во должина од над 400 метри и широчина од 1,8 метри која ќе се протега од влезот на новото основно училиште во Илинден по улицата ,,2”, се до раскрсницата на улиците ,,8” и ,,9”.

Денеска увид во градежните работи направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека изградбата на оваа пешачка патека е од голема важност за жителите од населеното место Илинден, со што значително ќе се придонесе за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, особено на пешаците и велосипедистите. Дополнително, потребата за изградба на оваа пешачка патека се јави и со отворањето на новото основно училиште кое се наоѓа во овој дел на општина Илинден, каде е зголемена фрекфенцијата на возила и пешаци во сообраќајот, па затоа потребна е дополнителна доза внимателност од страна на сите учесници во сообраќајот.

Градоначалникот Георгиевски упати апел до возачите за нивно безбедно движење во сообраќајот, а особено внимателноста треба да биде максимална кога се движат покрај училиште или градинка. Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи да инвестира во безбедноста на сообраќајот и унапредување на истиот, со што ќе бидат изградени  пешачки и велосипедски патеки во повеќе населени места.

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе