Иницијативата на Левица за бесплатни градинки во фиока додека Костовски нуди половични решенија

Политички партииЛевицаИницијативата на Левица за бесплатни градинки во фиока додека Костовски нуди половични...

Најчитано

Иницијативата на Левица – Бутел за бесплатни градинки во Општина Бутел не беше ставена на дневен ред на три последователни седници, за сега на 15-та седница на Советот, на дневниот ред да се појави предлог одлука за ослободување од партиципација за корисниците на социјална помош и самохрани родители.

Секретарот на општината Вене Тасев пред почетокот на 12-та седница го извести советникот од Левица Дарко Димовски, дека иницијативата е разгледана и дека е предадена до службите кој што треба да се произнесат по неа.

На 13-та седница не беше ставена на дневен ред и на прашањето од советникот Дарко Димовски, претседателот на Советот на Општина Бутел дали ја има добиено иницијатива, по сугестија од секретарот го даде истиот одговор, т.е. службите да се произнесат. Граѓаните на Општина Бутел го чекаа исходот, за на 30-ти август да се донесе одлука со која самохраните родители и корисниците на социјална помош ќе бидат ослободени од партиципација во време од една година.

Во градинката ЈОУДГ “11 ОКТОМВРИ” до поднесувањето на иницијативата од страна на советникот од Левица има згрижено 1068 деца од кои 819 деца се жители на општина Бутел а 249 деца се од соседните општини (116 Чучер-Сандево, 117 Чаир, 9 Гази Баба, 4 Ѓорче Петров, 1 Аеродром, 1 Шуто Оризари, 1 Арачиново).

За реализација на оваа иницијатива приближно се потребни околу 819 x 1500 денари = 1 228 500 денари или 19 975 евра месечно или околу 240 000 евра годишно.

Овие пари Општина Бутел не може да ги нема ако се знае дека:

– за провизија на привремените вработувања троши 22 106 евра односно плаќа 10.5 % без ддв од постоечкиот договор

– за одржување на згради од предвидените 200 000 денари со ребалансот се зголемуваат на 900 000 денари

– за одржување на други зелени површини од предвидените 300 000 денари со ребалансот се зголемуваат на 720 000 денари.

Со прифаќањето на иницијатива на градоначалникот се опфаќаат од 30 до 50 деца. Со евентуалното прифаќање на иницијатива поднесена од страна на советникот од Левица ќе беа опфатени повеќе од 800 деца во Општина Бутел.

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе