spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: По прв пат се одржа ХИП ХОП фест

Гази Баба: По прв пат се одржа ХИП ХОП фест

Во општина Гази Баба за прв пат се одржа Хип Хоп Фест во организација на Општина Гази Баба и Дом на култура „Димитар Влахов“ на 3 и 4 септември на плоштадот Kоцка – Автокоманда“.

Во двата фестивалски дена се одржаа следниве настани: Настап на танцов колектив Еурека, графити работилница со Vutar.95, трибина за хип хоп културата во општеството на конзумеризам со модераторите: Кацар и Сузи Тенева и рап концерт со David Black, Пецо Исток, Алфа, Тони Зен.

Градоначалникот Бобан Стефковски на втората вечер присуствуваше на настанот за кој општината ќе продолжи да дава поддршка и во иднина за организација на овој фестивал, со цел, истиот да прерасне во една убава традиција.

Извор : Општина Гази Баба 

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...