Кисела Вода: Улицата “Славка Динкова” се реконструира со силна динамика

ОпштиниКисела Вода: Улицата “Славка Динкова” се реконструира со силна динамика

Најчитано

Во напредна фаза е проектот за целосна реконструкција на улицата “Славка Динкова” кој започна пред само две седмици. Градоначалникот Ѓорѓиевски вчера изврши увид во градежните работи за изградба на атмосферска канализација и на целосна реконструкција на коловозот и тротоарите, а потоа и поставување на ново осветлување преку бетонски столбови со лед штедливи светилки.

Целокупната механизација е на терен, се работи со засилена динамика на оваа клучна патна артерија во населбата Драчево, на чија инфраструктурна обнова со децении чекаа повеќе од 30 000 граѓани од Драчево и околните населени места.

Токму затоа овој проект беше издвоен како приоритетен и се реализира преку соработката на Општина Кисела Вода со Градот Скопје, кој е финансиерот на истиот.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе