spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингИутеКредит со неревидирани резултати за првата половина од 2022 година

ИутеКредит со неревидирани резултати за првата половина од 2022 година

Продолжување на профитабилен раст и напредок во остварување на стратешките цели.

СТРАТЕШКИ ДОСТИГНУВАЊА НА ГРУПАЦИСКО НИВО

  • Вкупниот број на клиенти се зголеми за 40,6% на 966 илјади (31 декември 2021 година: 687 илјади).
  • Стекнување на контролен удел во Молдавската Енергбанк и напредок во постигнување оперативна контрола со двоен потенцијал за дополнителни приливи на приходи со услугите на Wallet (плаќања) и раст на кредитното портфолио без зголемена девизна изложеност.
  • Консолидираниот биланс на групата се зголеми за 79,2% на 298,9 милиони евра, а капиталот речиси двојно се зголеми на 50,6 милиони евра на 30 јуни 2022 година.
  • Зголемена употреба на апликацијата MyIute која е презема од страна на 313 илјади клиенти (31 декември 2021 година: 181 илјади клиенти).
  • Зголемени инвестиции во New Core IT платформа за управување со заеми, wallet услуга и корисничко искуство.

ОПЕРАТИВНИ ДОСТИГНУВАЊА

  • Исплатата на кредитите се зголеми за 31,1% на 97,9 милиони евра (6M/2021: 74,7 милиони евра).
  • Број на поптишани кредити во споредба со минатата година во раст за 20,2% до 165.148 (6М/2021: 137.367).
  • Билансот на состојба е зголемен за 8,7% на 181,2 милиони евра (31 декември 2021 година: 166,8 милиони евра).
  • Бруто кредитното портфолио се зголеми за 15,0% на 138,4 милиони евра (31 декември 2021: 120,4 милиони евра) од кои главнината на кредитите се зголеми за 16,3% на 123,3 милиони евра (31 декември 2021: 106,0 милиони евра).
  • Дисциплината за отплата (Индекс на перформанси на клиентите, CPI30) значително се подобри на највисоко ниво до сега 91,1% (6M/2021: 87,9%).
  • Нето кредитното портфолио се зголеми за 15,7% на 121,9 милиони евра (31 декември 2021 година: 105,4 милиони евра).
  • Досегашното пуштање во употреба на 68 безкартични банкомати ги намалува посредниците и ја намалува потребата за пластични картички и го намалува пластичниот отпад.

ФИНАНСИСКИ ДОСТИГНУВАЊА

  • Приходите од камати и провизии се зголемија за 17,5% на 27,5 милиони евра (6М/2021: 23,4 милиони евра) под влијание на постојано зголемување на исплатите во споредба со зголемувањето од 93,2% на просечното нето-кредитно портфолио.
  • Нето приходите од камати и провизии се зголемени за 11,1% на 18,9 милиони евра (6М/2021: 17,0 милиони евра) како резултат на зголемените камати поврзани со издавање обврзници.
  • Вкупниот приход се зголеми за 14,6% на 33,5 милиони евра (6M/2021: 29,2 милиони евра).
  • Соодносот на трошоците и приходите е 43,5% (6М/2021: 36,0%) главно како резултат на трошоците поврзани со стекнувањето на Енергбанк, зголемувањето на деловната активност и трошоците за зголемување на идните текови на приходи.
  • EBITDA приспособена за девизна/ревалоризација и приходите од Енергбанк се зголемија за 10,6% на 12,5 милиони евра (6M/2021: 11,3 милиони евра).
  • Нето добивката приспособена за приходите од Енергбанк на 2,0 милиони евра (6М/2021: 3,0 милиони евра).
  • Силна капитализација и профитабилност – Надминати договорите за еврообврзници.

Талин, Естонија, 24 август 2022 година. IuteCredit Europe („ICE“), водечка европска групација за лични финансии, денеска објави неревидирани резултати за 6M/2022.

„Во првите шест месеци од 2022 година, IuteGroup го зголеми бројот на своите клиенти, приходите и нето добивката, а претрпе големи промени во својата технолошка база и мултинационалната, мултирегулаторна организациска структура. Успешното стекнување на првата банка во Групацијата, зголеменото користење на апликацијата MyIute од страна на клиентите, посветениот тим и силната финансиска дисциплина резултираа со приход од 40 милиони евра од нашите клиенти и шестмесечен нето профит од 13 милиони евра, резултат на нашата работа.

Консолидираниот биланс на состојба, вклучувајќи ги и бизнисите на IuteCredit и EnergBank на крајот на јуни остана на границата од 300 милиони евра во споредба со крајот на првиот квартал. Наспроти ова, нето-кредитното портфолио порасна за 10% на 171 милион евра. Тоа значи дека меѓу април и јуни сме ставиле поголем дел од средствата во приносно производство. И бизнисите IuteCredit и EnergBank беа самостојно профитабилни. Клиентите со функционални кредити надминаа 168.000 (3M/22: 160.000), а бројот на клиенти кои користат wallet услуга надмина 85.000 до крајот на извештајниот период (3M/22: 83.000).

Бројките погоре раскажуваат приказна: правиме тактички напредок во неколку насоки во остварување на стратешката цел да имаме еден милион клиенти до крајот на 2024 година, нудејќи кредити и платежни услуги.

Апликацијата MyIute е преземена од повеќе од 300.000 луѓе. Во исто време, нашите клиенти постојано бараат сé повеќе и повеќе финансиски производи. Работиме на тоа новите прoизводи и услуги да бидат автоматизирани и да работат со едноставно внесување на податоци од страна на клиентот, но на персонализиран начин. Во Македонија, на пример, досега со New Core софтверот постигнавме 17% од кредитите да се обработуваат целосно автоматски и веднаш се одобруваат онлајн, врз основа на лична проценка и персонализирани параметри на производот.

Во исто време, правиме напредок во преземањето на оперативната контрола на Енергбанк. Стекнувањето на 95% од акциите се покажа како многу профитабилно за IuteGroup. На 30 јуни 2022 година, консолидираниот капитал на IuteGroup изнесуваше вкупно 50 милиони евра, значителен скок од нивото пред стекнувањето од 25 милиони евра на 31 декември 2021 година. Сепак, самата Банка е веќе профитабилна пред почетокот на нејзиниот оперативен и дигитален пресврт предвиден за периодот 2022-2023 година.

Во бизнисот на IuteCredit, кредитното портфолио и приходите продолжија да растат, додека структурата на приходите дополнително се диверзифицираше. До денес, 96% од приходите се од различни услуги поврзани со кредити (приходи од кредити) и 4% се од платежни услуги (wallet приходи).

За целата 2022 година, се држиме до очекувањата за приходите и нето добивката на Групацијата. Очекуваме консолидирани приходи од најмалку 75 милиони евра (40 милиони евра остварени во првиот квартал од 2022 година) и нето добивка од најмалку 16 милиони евра (13 милиони евра остварени до 1. 2022 година)“, рече Тармо Силд, извршен директор на Групацијата на IuteCredit.

Целосниот неревидиран извештај за 6M/2022 е достапен на iutecredit.com/reports/.

 

 

 

 

Извор: ИутеКредит Македонија 

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...