Град Скопје: Заврши јавниот повик за субвенции за набавка на електрични тротинети – продолжува аплицирањето за субвенции за набавка на велосипеди

ОпштиниГрад Скопје: Заврши јавниот повик за субвенции за набавка на електрични тротинети...

Најчитано

Градот Скопје известува дека јавниот повик за субвенции на електрични тротинети заврши. Аплицирањето за субвенции за граѓаните за набавка на велосипеди е се уште во тек. За електричните тротинети, средствата што Градот Скопје ги субвенционира се во износ од 30% од вредноста на еден тротинет, но не повеќе од 8.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.
Во тек е јавниот повик за субвенции за граѓаните за набавка на велосипеди. Средствата што Градот Скопје ги субвенционира за велосипеди се во износ од 50% од вредноста на велосипед, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.
Целта на јавните повици е подобрување на квалитетот на животната средина, односно подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје и унапредување на здравјето на луѓето, преку стимулирање на граѓаните на градот Скопје за користење велосипеди и електрични тротинети, со што би се намалило загадувањето предизвикано од сообраќајот.
На минатата седница на советот на Град Скопје донесена е и одлука за субвенционирање на млади лица, за набавка на електрични тротинети и велосипеди.  Со одлуките за првпат се предвидуваат субвенции за млади лица, на возраст до 29 години, кои се жители на Град Скопје.
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе