HomeОпштиниИлинден: Миладиновци доби нова пешачка патека

Илинден: Миладиновци доби нова пешачка патека

Заврши изградбата на новата пешачка патека во н.м. Миладиновци.

Пешачката патека е во должина од околу 850 метри и се протега од влезот на Миладиновци, па се до паркот со споменикот на Васил Аџаларски.

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски на средба со жителите од н.м. Миладиновци изјави дека изградбата на пешачката патека значително ќе придонесе за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, особено на пешаците и велосипедистите.

Тој додаде дека оваа патека се гради во рамки на акцијата ,,Градежна офанзива во Илинден” која општината ја спроведува во сите населени места во општината.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи да инвестира во безбедноста на сообраќајот и унапредување на истиот, со што ќе бидат изградени пешачки и велосипедски патеки во повеќе населени места.

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно...