spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБогданци: Делегација од Општина Калиновац, Хрватска, во посета на општината

Богданци: Делегација од Општина Калиновац, Хрватска, во посета на општината

Делегација од Општина Калиновац, Република Хрватска предводена од Началникот на општина Калиновац, Г-ин Дарко Собота со своите соработници, беше во официјална посета на општина Богданци од 07.09 до 09.09.

Делегацијата од пријателската општина Калиновац беше примена од страна на градоначалникот на општина Богданци, Г-ин Блаже Шапов.

На работната средба се отворија доста теми и се разменија искуства во областите на културата, образованието, науката, но и во други области кои ги поврзуваат двете општини. На истата беше заеднички прифатено соработката да се интензивира, при реализацијата на различни проекти за развој на двете општини при што ние ќе се трудиме да ги црпиме европските искуствата на Општина Калиновац.

По повод 8 Септември ­ Денот на независноста на Република Македонија, делегацијата заедно со здружението на пензионери и поддржувачи на делата на борците положија цвеќиња на спомениците на паднатите борци.

Во рамките на посетата, делегацијата беше во обиколка на детското игралиште, ја посети уметничката изложба во домот на културата и црквата „Св. Атанасиј“.

 

 

 

 

Извор: Општина Богданци 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...