spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Со фестивал на органска храна стартуваа „Звуци на културата 2022“

Ѓорче Петров: Со фестивал на органска храна стартуваа „Звуци на културата 2022“

Одличен старт на првиот ден на “Звуци на културата 2022”. Одбележувањето на празникот на општината 20 септември почна со Ден на органска храна во Центарот за култура.

Општината првпат е домаќин на фестивал за органска храна која е се поактуелна за конзумирање.

Во попладневните часови на истата локација беше потпишан Меморандум за соработка меѓу општината, КУД „Глигор Прличев“ од Ѓорче Петров и играорни друштва од Србија и Босна и Херцеговина.

Денот беше заокружен со настап на играорците од земјава и регионот во рамки на меѓународниот детски фестивал „Златен вез 2022“.

 

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров 

Прочитајте