spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Пуштена во употреба пешачката патека

Илинден: Пуштена во употреба пешачката патека

Вчера беше пуштена во употреба новата пешачка патека во населба Илинден, со што ќе се придонесе за подобрување на безбедноста во сообраќајот во овој дел од општина Илинден. Пешачката патека е во должина од над 400 метри и широчина од 1,8 метри, која  се протега од влезот на новото основно училиште во Илинден по улицата ,,2”, се до раскрсницата на улиците ,,8” и ,,9”.

Како што изјави денеска градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, потребата за изградба на пешачката патека се јави со зголемената фрекфенција на возила, пешаци и велосипедисти во сообраќајот во овој дел од Општината.  Дополнително, потреба се јави и со отворањето на новото подрачно општинско основно училиште, каде е забележана  поголема фрекфенција на ученици, па затоа потребна е дополнителна доза внимателност од страна на сите учесници во сообраќајот. Градоначалникот Георгиевски посочи до возачите дека е неопходна внимателност со цел нивно безбедно движење во сообраќајот, посебно кога се движат покрај училиште или градинка.  Општина Илинден и понатаму ќе продолжи да инвестира во безбедноста на сообраќајот и унапредување на истиот, со што ќе бидат изградени  пешачки и велосипедски патеки во повеќе населени места.

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...