spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Започнаа Училишните спортски лиги

Карпош: Започнаа Училишните спортски лиги

 

На спортскиот терен во рамки на рекреативната зона која се наоѓа во кругот на ООУ „Лазо Трповски“ вчера на свечен начин по двегодишна пауза заради глобалната пандемија, беше одбележан почетокот на училишните спортски лиги – 2022/2023, кои традиционално ги организира Одделението за култура и спорт при Општина Карпош. Притоа, основците од десетте основни училишта на територија на локалната самоуправа, преку организиран систем на натпревари во текот на целата учебна година, ќе го демонстрираат својот талент во три спортови. Поточно, момчињата ќе ги одмерат силите на фудбалските и кошаркарските терени, додека пак девојчињата ќе се борат за овогодинешниот трофеј во одбојка.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, официјално ја прогласи оваа спортската манифестација за отворена и во оваа пригода ги поздрави присутните гости од името на Советот на Општината како и од свое лично име, а на учесниците им посака успешен настап во кој ќе доминира ферплејот.

  • Се надевам дека со овие училишни лиги ќе го подигнеме спортскиот дух кај основците и ќе го поттикнеме пријателскиот однос меѓу нив. Очекувам некој од вас да стане професионален спортист кој во блиска иднина ќе ги брани боите на нашата државна репрезентација, како што тоа го прават некои наши поранешни ученици и стипендисти од Општина Карпош. Најдобрите ученици – спортисти ќе ги наградиме со едногодишна стипендија, а локалната самоуправа ќе се погрижи прваците да одат на летен одмор во јуни догодина – истакна Јакимовски.

Со својот енергичен настап преку изведба на народни игри и ора, настанот дополнително го збогатија членовите на фолклорното аматерско здружение Студио ЕТНОС, а особени симпатии кај присутните предизвикаа танчерите од танцовото и фитнес студио, Dancers United од Скопје.

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...