Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата Катица Никловска и Раководителот на одделението за следење на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи и корупција во јавните набавки м-р Катерина Зајковска учествуваа на работилницата на тема: „Дигитални решенија во известување, преглед и објавување на финансирањето на политичките партии“, која во организација на Меѓународната организација за изборни системи (ИФЕС) се одржa во Прага, Чешка, на 26 и 27 септември 2022 година.
На првиот ден од работилницата, членот на Државната комисија Катица Николовска имаше своја презентација на тема „Дигитализација на надзорот на финансирањето на политичките партии“.