spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГостивар: Договор за управување со отпад од пакување

Гостивар: Договор за управување со отпад од пакување

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари со компанијата Алпак-еко од Скопје потпиша договор за управување со отпад од пакетување на територијата на општина Гостивар.

Договорот предвидува одржување на разни предавања и обуки во основните училишта за подигање на свеста за селектирање и класификација на отпадот од пакување, инвестиции во еколошката инфраструктура (главно преку поставување на контејнери за селекција на отпад од пакување) и создавање собирни пунктови за селективно собирање на отпад од пакување.

 

 

Извор: Општина Гостивар

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...