spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГостивар: Предметот шах ќе биде присутен во училиштата

Гостивар: Предметот шах ќе биде присутен во училиштата

Наставниот кадар кој пројави интерес за настава по предметот шах во гостиварските училишта во текот на вчерашниот ден беше на обука што ја организираа Шаховската федерација на Македонија и Министерството за образование и наука во соработка со локалната самоуправа и Шаховскиот клуб Гостивар.

На обуката наставниот кадар имаше можност да се запознае со содржината и програмата за работа.

Оваа учебна година предметот шах е поставен како изборен предмет во основните училишта за деца од прво и второ одделение, а потоа и за четврто и петто одделение.

На овој настан присуствуваше и раководителката на Секторот за образование при општина Гостивар, Аслијан Снопче, која истакна дека општината дава поддршка за наставниците кои ќе се вклучат во часовите по шах за да ги мотивираат децата да го изберат шахот како предмет.

 

 

 

Извор: Општина Гостивар

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...