Министерството за образование и наука информира дека Регионалната канцеларија за младинска соработка објави повик за аплицирање во рамки на регионалната програма за размена на средни училишта „Суперучилишта“.
Повикот претставува можност за училиштата, учениците и наставниците и има за цел да го поддржи процесот за помирување, како и интеркултурен дијалог и учење помеѓу учениците и нивните заедници. Доколку бидат избрани, средните училишта со оваа програма ќе имаат можност да спроведат училишни размени со партнерско училиште од регионот на Западен Балкан и да учествуваат во програмските активности посветени на градење на нивните капацитети, поврзување и соработка.
Повеќе информации на следниот линк:
https://www.rycowb.org/?p=13729