spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаНе е време за прибирање политички поени, туку за заедничка работа за...

Не е време за прибирање политички поени, туку за заедничка работа за пребродување на енергетската криза

На покана од претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и владиниот тим, попладнево се одржа средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски и неговиот тим, на којашто се разговараше за справувањето со енергетската криза. По завршувањето на средбата премиерот Ковачевски одржа прес-конференција.

Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски:

„Почитувани медиуми, почитувани граѓани. Денеска имавме средба со претседателот и со економскиот тим на ВМРО – ДПМНЕ. На таа средба дојде откако ние испративме покана до ВМРО – ДПМНЕ, до нивниот претседател и до економскиот тим, да присуствуваат на утрешната седница на економскиот совет во проширен состав на Владата којашто од нивни причини беше одбиена со оглед на форматот меѓутоа тоа се причини за коишто можат тие да образложат и заради тоа јас вчера упатив покана до ВМРО – ДПМНЕ да имаме средба во просториите на Владата, нормално каде што ќе може и тие да образложат во однос на тоа што во јавноста го изнесуваат како одреден концепт за работење во услови на енергетска криза, а исто така и ние да ги информираме за се она што се презема и е преземено и она што следува во делот на енергетиката и во делот на топлинската енергија за Градот Скопје.

 

Таму ние ги образложивме сите активности кои што се преземаат, јас во неколку наврати и јавно ги имам кажано, односно за сите зафати кои што се предвидуваат и се преземаат во производствените капацитети на ЕСМ, ЕСМ за тоа веќе информираше дури и преку видеа и преку соопштенија во однос на ремонтот кој што се случува во еден во блоковите како и за организираниот транспорт во однос на изгорената трафостаница од минатата година. Со цел да можат да бидат оспособени сите три блока во РЕК Битола кој што се знајачни за производство. Исто така информираме за производството на електрична енергија во ТЕЦ Осломеј како и во ТЕЦ Неготино и за сите активности кои што се преземаат во однос на обезбедувањето на енергенси а тука пред се мислам на јагленот за Битола и за Осломеј како и мазут за Неготино и за како помошно гориво во Битола и во Осломеј.

Исто така разговаравме за значењето и за потребата што побрзо да бидат одобрени во комисијата за финансирање и буџет и другите соодветни комисии во собранието како и на пленарните седници законите кои што веќе се поднесени, значи Законот за задолжување во Европската банка за обнова и развој од 100 милиони евра кое што обезбедува ликвидни средства по исклучително поволна каматна стапка за работењето на ЕСМ во услови на криза. Потоа Законот за енергетика и неговите соодветни измени и Законот за нафта и нафтени резерви, како и за спроведување на одлуката за распределба на финансиски средства, односно кратење на финансиски средства во деловите на Буџетот коишто се со помал процент на исполнетост согласно со Капев механизмот кој што е дел од законот за извршување на буџет, кратење на одредени средства од буџетот коишто ги сметаме за не толку неопходни во услови на криза и префрлање на тие финансиски средства, односно прераспределба на ставки коишто се однесуваат на справување со енергетската криза.

Исто така, разговаравме и во однос на решенијата коишто ние веќе ги соопштивме и коишто се во фаза на реализација, а тоа е префрлување на основните и средните училишта на регулираниот пазар, како и префрлувавањето на здравствените установи на снабдување кај ЕСМ продажба пришто ќе имаат стабилна цена на снабдување а нема да плаќаат цена на краен снабдувач.

Исто така беше реафирмирано барањето од страна на опозицијата за вклучување на јавните комунални претпријатија на регулираниот пазар кое што го задолживме Министерството за економија заедно со ЗЕЛС да ги земе податоците заедно со потрошувачката на електричната енергија кај сите од нив со оглед дека категоријата на јавни комунални претпријатија е прилично широка и тоа да може да се спореди и да се стави во корелација со производството на електрична енергија која што го имаме од домашни извори во државата и да се види ефектот кој што ќе го има за нивно можно вклучување на регулираниот пазар на кој што се снабдуваат компаниите како мали потрошувачи односно оние кои што 72 илјади веќе се вклучени на тој пазар.

Исто така сакам да ве информирам дека денеска Владата донесе одлука со која што ЕСМ е задолжено да врши јавна услуга регулирано присуство на топлинска енергија, бидејќи ЕСМ и Адора компанијата којашто е сопственик на топланите во Градот Скопје успеаа да постигнат согласност и веќе постои договор за закуп којшто е потпишан и тој договор за закуп е потпишан согласно со методологијата којашто ја определува регулаторната комисија и којшто е според условите како што важеле до сега, односно во изминатите десет години колку што постоел таков договор за закуп на топланите од страна на БЕГ.

Она што исто така сакам да ве информирам е во делот на она што претседателот на опозицијата и дел нивни претставници го елаборираа јавно во однос на одредени индикативни понуди, кои што понуди подоцна станаа контакти кој што контакти сега станаа позиции за набавка на поевтини енергенси, јас и на собранието на денот кога беа пратенички прашања јавно кажав дека сите понуди мора да бидат доставени во ЕСМ со оглед на тоа дека таму се прави евалуацијата од страна на стручна комисија за сите понуди кои што доаѓаат во делот на набавките, но со оглед на тоа дека се работи за контакти кои што сакаат да имаат директен контакт исто таму и тогаш и сега кажав дека министерот за економија е тој којшто е задолжен да ги оствари контактите и да се види дали тие имаат соодветна понуда којашто ги задоволува критериумите врз основа на којашто се прават набавки во ЕСМ којашто е компанија којашто е задолжена за набавка на сите енергенси со оглед на тоа дека ги поседува лиценците за производство на електрична енергија.

Од формирањето на оваа Влада јас како премиер презедов низа на мерки заедно со тимот, нормално со Владата за да се одржи ликвидноста на компаниите и стандардот на граѓаните. Средствата одвоени од овој Буџет којшто се наменети за овие намени се во износ од над 300 милиони евра, пари кои оваа Влада одговорно ги враќа назад кај граѓаните кога најмногу има потреба за тоа. Веќе сме информирале дека уште на почетокот со кризата имавме 26 мерки, цел пакет, којшто беше на почетокот на оваа година, значи во првиот квартал којшто се однесува на помош и на стопанството и на граѓаните. Исто така продолжува субвенционирањето на цената на електрична енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи, 80% за домаќинствата и за малите потрошувачи 72%. Над 70 илјади компании кои што вработуваат до 50 вработени и кои што имаат промет до две милиони евра годишно.

Исто така сакам да ве информирам вас, а разговаравме и со претставниците на опозицијата дека продолжуваат разговорите коишто Владата ги има на билатерално ниво со соседните земји коишто имаат вишоци на електрична енергија, меѓутоа коишто, веќе зборувавме на претходната прес-конференција, заради низа законски ограничувања не можат да склучат во моментов договори за директно снабдување со електрична енергија. Исто така гледате дека и претседателот Прендаровски беше во Бугарија којшто исто така ги водеше тие разговори и на прес-конференцијата беа кажани истите постојни ограничувања коишто постојат меѓутоа исто така беше испратена јасна порака до претседателката на Европската комисија дека земјите од Западен Балкан вклучително и Северна Македонија очекуваме помош и поддршка од страна на ЕК во делот на справување и добивање на финансиски средства во однос на субвенционирање на цената на електричната енергија. Деновиве исто така се водат разговори на ниво на министри за енергетика во Европската комисија, доколку има некакви чекори во таа насока тогаш министерот за економија, тој ќе биде информиран истовремено кога ќе бидат носени тие одлуки и нормално дека ќе бидат споделени со јавноста.

Јас исто така ќе присуствувам на состанокот во Прага којшто ќе биде еден голем Самит на којшто ќе присуствуваат земјите на ЕУ, 27, меѓутоа и голем број на други држави коишто се во опкружувањето на ЕУ и каде што исто така ќе се разговара за проблемите со снабдувањето со електрична енергија. Сите знаете дека ЕУ се наоѓа во една исклучително тешка состојба, исклучително сложена состојба што се однесува на снабдувањето со електрична енергија, со енергенси, особено после протекувањата коишто се случија во гасоводите на Север, после последните одлуки кои што се случија од страна на Руската федерација во однос на војната со Украина, меѓутоа наша обврска е и наша должност да ги спроведеме сите активности коишто сме ги планирале со цел да имаме непречено снабдување со електрична енергија на територијата на цела држава. Во делот на топлинската енергија веќе ве информирав дека се работи забрзано на преземање на топланите, договорот денеска е потпишан. Обезбедување на енергенси и почнување на грејната сезона во Градот Скопје. Денеска топлана Север имаше пробно пуштање на своите корисници, според информации кои што ги имаме, меѓутоа јас не можам да зборувам за приватно правно лице, се работи за залихи стари коишто ги имаат на гас и веројатно можат да покријат затоплување од неколку дена, а доколку понатаму државата ќе обезбеди се што е во нејзина моќ да може да се обезбеди затоплување на Градот Скопје.“

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...