spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПробиштип: Меморандум за соработка кој овозможува обука за дислексија на наставен и...

Пробиштип: Меморандум за соработка кој овозможува обука за дислексија на наставен и стручен кадар во општината

Општина Пробиштип и Здружението за дислексија Ајнштајн од Скопје потпишаа меморандум за соработка и со што се овозможува на наставниот и стручниот кадар од основните училишта и средното училиште бесплатна онлајн обука за дислексија, состојба која предизвикува потешкотии во читањето.

Обуката ќе се обезбеди преку веб платформата или мобилната апликација.

Со овој меморандум за соработка се овозможуваат еднакви можности и услови за образование, ќе се подигне свеста, и се дава можност за воведување на инклузивно образовни услови за учениците со специфични потешкотии во учењето, како и  за доедукација наставниот кадар во областа на дислексијата.

Секој од наставниците кој ќе ја заврши обуката ќе се стекне со сертификат за успешно завршување на обуката од страна на Здружението Ајнштајн.

 

 

 

Извор: Општина Пробиштип 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...