spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВиница: Форумот на градоначалниците - Успешни заедно

Виница: Форумот на градоначалниците – Успешни заедно

 

Градоначалникот Миле Петков присуствуваше на „Форумот на градоначалниците – Успешни заедно“ како претставник на Општина Виница која е партнер – општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

На форумот учествуваа градоначалниците и секретарите од партнер – општините на Проектот од источниот дел на земјата и тоа: Берово, Босилово, Виница, Гевгелија, Делчево, Зрновци, Илинден, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Ново Село, Ранковце, Радовиш, Старо Нагоричане, Свети Николе и Штип.

Покрај претставниците на општините на форумот присуствуваа и директорката на Канцеларијата на УСАИД за општ развој, Дон Кармин, Гинка Капитанова, директорката на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, како и членовите на тимот на Проектот кои ги претставија активностите за поддршка на партнер општините за унапредување на општински капацитети во следниве области:
1. управување со општински јавни финансии;
2. планирање и извршување на буџетот;
3. фискална транспарентност и отчетност;
4. планирање и прибирање на приходи од сопствени извори;
5. пристап до надворешно финансирање;
6. овозможувачка средина за вклучување на приватниот сектор.

На форумот дискутиравме како најдобро да се искористи техничката помош на Проектот, клучната улога и посветеноста на градоначалниците во спроведување на активностите поддржани од Проектот, можностите, но и предизвиците со кои се соочуваат градоначалниците во подобрување на ефикасноста во секојдневното работење, со цел обезбедување на поквалитетни услуги кон граѓаните.

 

 

Извор: Општина Виница

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...