spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Асфалтирана улицата 24 од 620 метри

Илинден: Асфалтирана улицата 24 од 620 метри

Улицата 24  во населено место Илинден, е комплетно асфалтирана во целосна должина од 620 метри со широчина од 6 метри, поставени се нови ивичњаци за поголема безбедност.

Комплетното асфалтирање е завршено во рок од седум дена, Општина Илинден со ова продолжи со своите   активности за реконструкција на патната инфраструктура  во  населените места во општината, во соработка со општествено одговорни компании.

Увид во градежните активности направи и градоначалникот Александар Георгиевски, тој потенцираше дека од исклучителна важност е на граѓаните и правните субјекти да им се овозможи квалитетна патна инфраструктура, тоа е програмски приоритет и обврска која се исполнува согласно програмата за работа.

Општина Илинден ќе продолжи со своите активности и наредниот период.

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте