spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Известување – реконструкција на железничкиот премин „Дељадровци“

Илинден: Известување – реконструкција на железничкиот премин „Дељадровци“

Се известуваат граѓаните на Општина Илинден дека од ( среда) 12.10.2022 година започнува реконструкцијата на железничкиот  премин „Дељадровци“ со нова  модерна подлога од рециклирани гумени елементи според високи стандарди,  новата подлога ќе овозможи лесно поминување преку железниката пруга, и ќе се намали амортизацијата на автомобилите.

Времетраењето на реконструкцијата на железничкиот патен премин „Дељадровци“ се предвидува да биде завршено за 9 (девет) дена, период во кој овој премин ќе биде целосно затворен за употреба.

Општина Илинден по реконструкцијата на железничкиот патен премин „Дељадровци“ ќе ги реконструира и премините „Миладиновци“  и „Илинден“,  со оваа модерна подлога значително ќе се  подобри сообраќајот и ќе овозможи  зголемена безбедност за сите   во патниот сообраќај во нашата општина.

Финансиската конструкција ја обезбедува Општина Илинден во соработка со Македонски железници и инфраструктура.

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...