spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Поддршка за реформите во јавните финансии од СБ, се воспоставува интегриран...

МФ: Поддршка за реформите во јавните финансии од СБ, се воспоставува интегриран информациски систем

Воспоставувањето на Интегрираниот информациски систем за управување со финансии – ИФМИС и приоритетите во новата четиригодишна рамка за соработка на земјава со Светска банка беа тема на средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими и потпретседателката на СБ, Ана Бјерде, извршниот директор, Кун Давидсе, регионалната директорка за Западен Балкан, Ксијаокинг Ју и директорот на СБ за земјава Масимилијано Паолучи.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими на Годишните средби на ММФ и СБ во Вашингтон истакна дека во моментов имплементација на Интегрираниот информациски систем за управување со финансии (ИФМИС), е приоритетен проект и дека тој е дел од реформите што ги спроведува Министерството за финансии во управувањето со јавните финансии. Целта на овој систем е да ја подобри ефикасноста и транспарентноста во управувањето со јавните финансии, што ќе се постигне преку поврзување на постоечките фрагментирани и неповрзани системи, на една централизирана дигитална платформа.

-Интегрираниот информациски систем за управување со финансии ќе овозможи воспоставување на повеќегодишната буџетска рамка, управување со јавните инвестиции, автоматизиран надзор над обврските, управување со основните средства и управување со долгот. ИФМИС е и во насока на залагањата на Владата за GovTech, односно имплементирање на напредни технологии во работењето, истакна Бесими на средбите актуелизирајќи го прашањето на финансирањето на имплементацијата на ИФМИС, со цел што побрзо ефектуирање на Законот за буџети.

Воедно на средбата беше потврдена добрата реализација на проектите во рамки на четиригодишната рамка, особено во делот на енергетската ефикасност. Проектот за енергетска ефикасност во вредност од 25 милиони евра се имплементира преку единицата на МФ за спроведување на проектот за подобрување на општинските услуги со поддршка на СБ. Во моментов е завршена постапката за 42 проекта на 12 општини коишто аплицирале и за кои се исполнети условите за сеизмичка стабилност, а е започната постапката за енергетска ефикасност на 16 здравствени објекти.

Министерот Бесими истакна дека со инвестициите предвидени со четиригодишната рамка за соработка се инвестира во подобрување на инфраструктурата, човечкиот капитал и управувањето со јавните финансии.

Вредноста на постоечката четиригодишната рамка за соработка изнесуваше 420 милиони долари, но поради ковид кризата беа одобрени 508 милиони долари. Притоа постоечката Стратегија истекува во јуни 2023, при што подготовките за новата, ќе започне на почетокот од наредната година, веднаш по завршувањето на извештајот за земјата.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

Битола: Интензивни работни активности на Јавните претпријатија

0
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец во соработка со Општина Битола,...