spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Силна поддршка од ЕБОР за приоритетните проекти на Владата, ќе се...

МФ: Силна поддршка од ЕБОР за приоритетните проекти на Владата, ќе се заокружи и финансирањето на интерконекторот со Грција

Република Северна Македонија има значајна поддршка во реализацијата на нејзините приоритети од меѓународните финансиски институции. Меѓу најголемите поддржувачи на приоритетните проекти за инфраструктурно поврзување, заштита на животната средина и енергетска независност што ги спроведува земјава е Европската банка за обнова и развој. Поддршката од оваа меѓународна финансиска институција за земјава достигна 2,5 милијарди евра, од кои во најголем дел се во јавни проекти.

 

Континуитетот во поддршката на приоритетните проекти и продолжување на соработката на Владата на РС Македонија и ЕБОР беа тема на денешната средба во Вашингтон меѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими со првиот потпретседател на ЕБОР, Јирген Ригтеринг и Шарлот Руе, директорка на ЕБОР за Централна и Југоисточна Европа.

На средбата од страна на ЕБОР беше истакнато дека на почетокот на 2023 година се очекува Банката официјално да одобри средства во висина од 16 милиони евра за кофинансирање на проектот за Интерконекторот со Грција. Со ова ќе се затвори финансиската конструкција за реализација на овој значаен проект за енергетска диверзификација. За реализација на овој проект обезбедени се средства од Европската инвестициска банка во износ од 25 милиони евра и грант од ВБИФ во износ од 12 милиони евра. Покрај ова, од ЕБОР се очекува и обезбедување финансиски средства за реализацијата на изградбата на гасоводните делници Свети Николе – Велес и Гостивар – Кичево.

ЕБОР е најактивна меѓународна финансиска институција во земјава со активно портфолио во јавни инвестиции од над 800 милиони евра, од кои најголемиот дел во транспортниот сектор и тоа од над 500 милиони евра. Железничкиот дел од Коридорот 8 кон Бугарија и патниот правец Кичево – Букојчани се дел од проектите зад чија реализација стои Европската банка за обнова и развој. Дополнително, во наредниот период со поддршка од ЕБОР ќе се реализира и проектот за регионални депонии, а наскоро се очекува да биде ефектуиран и заемот за поддршка на ЕСМ со цел справување со енергетската криза, кој треба да биде усвоен во Собранието.

Министерот Бесими изрази благодарност за посветената поддршка на ЕБОР во подготовката и имплементацијата на приоритетните проекти утврдени од Владата на РС Македонија, како и за очекуваната натамошна поддршка во напорите што ги вложува нашата земја за приближување до стандардите на ЕУ и подигнување на стандардите и квалитетот на живот на граѓаните. Тоа е потврда за исправноста на нашите зацртани цели и патеката по која се движиме.

Во таа насока, на средбата министерот го претстави Планот за забрзан раст и можноста за инвестиции во проекти заедно со приватниот сектор, што ќе придонесе кон закрепнување и забрзување на економскиот раст. Исто така, ги истакна напорите што се вложуваат во реализација на значајните капитални проекти.

Поддршката на ЕБОР во земјава е присутна од 1993 година и досега е вклучена во 165 проекти.

Приоритетните проекти, можностите за инвестирање и енергетската криза беа тема и на средбата на министерот за финансии со претставници на Меѓународната финансиска корпорација – ИФЦ.

Средбите се одржаа во рамки на учеството на министерот за финансии на Годишните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон.

 

 

 

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...