spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Известување – реконструкција на железничкиот премин Миладиновци

Илинден: Известување – реконструкција на железничкиот премин Миладиновци

Се известуваат граѓаните на општина Илинден дека од (среда) 19.10.2022 година, започнува реконструкцијата на железничкиот  премин Миладиновци со нова  модерна патна подлога од рециклирани гумени елементи според високи стандарди, тоа ќе овозможи лесно и брзо поминување преку железниката пруга, и ќе се намали амортизацијата на автомобилите.

Времетраењето на реконструкцијата на железничкиот патен премин Миладиновци се предвидува да биде завршено за 9 (девет) дена, период во кој овој премин ќе биде целосно затворен за употреба.

Општина Илинден по реконструкцијата на железничкиот патен премин Миладиновци ќе го реконструира и преминот Илинден, во моментот се работи и на реконструкција на железничкиот патен премин Дељадровци кој е во завршна фаза.

Со оваа модерна подлога значително ќе се  подобри сообраќајот и ќе овозможи  зголемена безбедност за сите   во патниот сообраќај во нашата општина.

Финансиската конструкција ја обезбедува општина Илинден во соработка со Македонски железници и инфраструктура.

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...