Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити денеска ја посети Спомен куќата ,,Мајка Тереза“, каде што се сретна со директорот Насер Цури.
За време на работната средба се разговараше за можностите за соработка, како и за идните планови и активности на оваа институција која има значајна симболика и истакната културна вредност.
Министерот Алити му се заблагодари на директорот Цури за приемот, истакнувајќи дека МИОА е подготвено да ги поддржи сите институции во надминување на нивните предизвици, со цел успешно спроведување на нивната работа.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација