spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Оџаклиеска на Шестиот Конгрес на еколози на Северна Македонија со меѓународно...

МЖСПП: Оџаклиеска на Шестиот Конгрес на еколози на Северна Македонија со меѓународно учество

На Шестиот Конгрес на еколози на Северна Македонија со меѓународно учество, што од 15-18 октомври се одржува во Охрид, заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање, Христина Оџаклиеска, имаше поздравно обраќање.

Оџаклиеска на Шестиот Конгрес на еколози на Северна Македонија со меѓународно учес

Таа, го истакна забележителниот напредок во напорите за заштита на животната средина во нашата земја, кој е нотиран и во овогодинешниот Извештај за напредок од  страна на Европската Комисија. Но, воедно и нагласи дека останува обврската и понатаму активно да се работи на тоа поле, а вистински напредок може да се оствари само со заедничко делување и споделување на идеи, иновации и научни достигнувања.

kongres1

На Конгресот учествуваа околу 200 експерти, професори студенти и млади истражувачи од повеќе земји од регионот, кои во рамките на предвидените осум работни секции, ги презентираа своите научни трудови и достигнувања од областа на екологијата и заштитата на животната средина.

kongres3

Во рамки на настанот, на заменик министерката Оџаклиеска, како претставник од Министерството за животна средина и просторно планирање, ѝ беше врачена благодарница за долгогодишната успешна соработка и взаемна поддршка на Македонското еколошко друштво и Министерството за животна средина и просторно плaнирање, како и поради активната соработка со здруженијата и организациите кои делуваат во сферата на заштита на животната средина.

kongres2

Министерството за животна средина и просторно плaнирање  дава јасна и недвосмислена поддршка на процесите и иницијативите поврзани со  унапредување на еколошкото образование и  за напорите за стимулирање на иновативниот пристап за заштита на животната средина.

 

Настанот е во организација на Македонското еколошко друштво, кое воедно ја прославува 50-годишнината од своето активно делување.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...