spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Работилница за развој на капацитети за адаптација кон климатските промени на...

МЖСПП: Работилница за развој на капацитети за адаптација кон климатските промени на УНЕСКО локалитети

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, денеска, имаше поздравно обраќање на отворањето на работилницата за градење на капацитети во рамките на проектот „Градење на иднина отпорна на климатски промени: развој на капацитети за адаптација на климатските промени и управување со ризици од катастрофи во избрани локалитети на УНЕСКО во Југоисточна Европа“, која од 17 до 21 октомври 2022г. се одржува во Охрид.

Проектот ќе придонесе, регионот на Југоисточна Европа да стане поотпорен на климатските промени, а негова цел се УНЕСКО локалитетите од земјите-кориснички: Република Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, и Србија.

Заменик министерката Оџаклиеска истакна дека нашата држава, која припаѓа на еден од најранливите региони на климатските промени во светот, има богата и единствена биолошка разновидност и културно наследство, создадено со влијанија на различни култури и традиции.Zamenik_UNESCO

– Охридскиот Регион е едно од ретките УНЕСКО подрачја заштитени поради неговото природно и културно наследство. Но, тоа е и пример за подрачје што е под сериозен притисок од човекот, како и од климатските промени – рече Оџаклиеска, додавајќи дека Министерството за животна средина го препознава богатото културно и природно наследство во нашата држава, како едни од најранливите сектори на климатските промени.Zamenik_UNESCO_2

Затоа, според неа, исклучително е важно адаптацијата кон климатските промени да биде вклучена во сите постојни и идни владини политики, во согласност со подготовката на Националниот план за адаптација кон климатските промени. Додека, имајќи ги предвид прекуграничните ефекти на климатските промени и меѓународните заштитени подрачја, за долгорочна, посеопфатна и поквалитетна заштита најчесто, како држави, сме и обврзани на поблиска меѓународна соработка, впрочем како што е и оваа работилница, која овозможува подобрена комуникација, поквалитетно заедничко планирање и размена на идеи и искуства.Zamenik_UNESCO_1

Работилницата ја организира Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа, во соработка со Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија. Учество земаа претставници од органите за управување со УНЕСКО локалитетите од Република Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, и Србија, но и другите клучни чинители и експерти на полето на: климатските промени, управувањето со ризици од катастрофи и заштитата и промоцијата на биосферните резервати и локалитети од светското наследство.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...