spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Посебен фокус со новиот модел за субвенционирање ставаме на сточарството –...

МЗШВ: Посебен фокус со новиот модел за субвенционирање ставаме на сточарството – предлагаме систем кој нуди зголемена и навремена поддршка

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски гостуваше во емисијата Студио 10 на Телевизија 24 Вести.

Граѓаните не треба да се грижат, оваа зима, но и во наредниот период храна ќе имаме доволно. Тоа е така затоа што навремено уште пред кризата преку Националниот план за производство на храна презедовме мерки за поддршка на земјоделците и стабилизирање на домашното производство, потенцираше министерот Николовски.

Бележиме поголем раст на производството кај јачменот, каде во овие три години успеавме од увозна зависна култура, да прерасне во култура која го задоволува домашното производство и е извозно ориентирана. Зголемување се бележи и кај сончогледот, каде преку договорното производство оваа година повеќе од двојно е зголемен приносот.

Токму исплатата на субвенциите за сончогледот оваа година беше пилот проект на предложениот нов концепт за субвенционирање. Оваа година субвенциите за сончогледот ги врзавме со услов за остварен принос, како и со задолжително предавање на производството во регистрирани домашни капацитети, поттикнувајќи го на овој начин договорното производство.

Преку новиот модел за субвенционирање сите земјоделци добиваат основни субвенции, наменети за одржување на земјоделските насади и истите предвидуваме авансно да се исплатат. Заедно со земјоделците ги утврдивме стратешките важни култури и производи за кои со моделот предвидуваме дополнителна субвенција ако докажат дека оствариле принос и своето производство го предадат во регистриран домашен капацитет или го искористат за сопствено произвдство, потенцираше министерот Николовски.

Досегашниот систем каде земјоделците ги добиваа субвенциите без да прикажат дека оствариле производство, се заменува со нов dеcoupling модел, ставајќи ги сите чинители во еден организиран систем кој ќе биде поефикасен и ќе има поголема конторла.  

Поркај стратешките култури и производи, фокус со новиот модел ставаме и на сточарството каде нудиме решение за сите слабости на досегашниот модел, но и мерки за отстранување на нерегуларностите кои преку анализите беа утврдени.

Новиот модел дава поголема поддршка насочена кон вистинските сточари. Предлагаме поголеми субвенции за основи репродуктивни грла кои даваат месо и млеко, па така поддршката ќе се зголеми од 1.000 на 1.700 денари за овци, а за крави од 3.000 на 4.000 денари по грло. Разработуваме и ситем кој ќе овозможи побрза исплата на произведеното и предадено млеко во регистрирани капацитети, а наша цел е таа испалта да биде на месечно ниво, потенцираше министерот Николовски.

Системот треба да гаранита побрза исплата и поедноставено аплицирање. Исто така систмот за контрола се олеснува овозможувајќи на Платежната Агенција подолг период за спроведување на контрола.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

МЗ: Европската недела на имунизација – Се зголемува опфатот на вакцинираните...

0
Викендов во Градски парк, под мотото „Заштитуваме генерации“ ја одбележавме Европската недела на имунизација, заедно со омилените детски ликови „Биби и Боби“ и дечиња...