spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Светската организација за здравствена заштита на животните ќе обезбеди експертска помош...

АХВ: Светската организација за здравствена заштита на животните ќе обезбеди експертска помош за справување со болеста африканска чума кај свињите

Итно обезбедување на експертска група  и помош во справувањето со болеста африканска чума кај свињите во Република Северна Македонија, договорија на денешниот работен состанок во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), првиот човек на АХВ Николче Бабовски и Др Будимир Плавшиќ, директор на Канцеларијата за Европа на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH).

На состанокот беше разгледана актуелната состојба со здравствената заштита на животните во земјава, со акцент на состојбата со  болеста африканската чума со која се бори земјава, а се дискутираше и за прашања кои се однесуваат на благосостојбата на животните.

Првите луѓе на АХВ и WOAH  за Европа договорија да се интензивира и унапреди досегашната соработка на АХВ и Светската организација за здравствена заштита на животните – WOAH со нови активности, кои ќе бидат во насока на постигнување на оптимални резултати во областа на здравствената заштита кај луѓето, животните, растенијата и нивната заедничка средина, како основа за реализирање на глобално дефинираниот концепт “Едно Здравје”.

Др Плавшиќ позитивно ја оцени работата на АХВ во однос на посветеноста и спроведувањето на проектите и активностите кои се однесуваат на здравствената заштита и благосостојбата на животните. Тој изјази пофални зборови за оценката на Европската комисија во последниот Извештај за напредокот на земјава во евро – интеграциските процеси за Поглавјето 12 чиј носител е АХВ,  а со кој на Агенцијата за храна и ветеринарство и е дадена висока оцена за постигнатото ниво на подготвеност, со што ја вброи меѓу институциите во државава кои добија највисока оцена за евро напредокот.

 

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

Бутел: По 30 години се реконструира дворот во ООУ “ЛИМАН КАБА”...

0
Дворот на основното училиште во Љуботен конечно ќе биде соодветно место за учениците. Општина Бутел ја реконструира училишната ограда, ги промени училишните врати а наскоро...