spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Лукаревска на годишни средби на ММФ и СБ

УЈП: Лукаревска на годишни средби на ММФ и СБ

Директорката на управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, како дел од Делегација од РС Македонија предводена од министерот за финансии, Фатмир Бесими во периодот од 11 до 16 октомври 2022 г. учествуваше на Годишните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон. Ова година, средбите беа фокусирани на барање одговори за справување со енергетската и ценовната криза, промовирање инклузивен раст, инвестиции за климатски промени, како и инвестирање во човечки капитал.

Лукаревска одржа состаноци со високи претставници на ММФ, вклучително и заменик генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на Одделот за Европа, Алфред Камер, извршниот директор Пол Хилберс, заменик директорот на Одделот за фискални прашања, Хуан Торо и шефот на Мисијата за Р. С. Македонија, Берглјот Баркбу. На состаноците се водеа дискусии за актуелната состојба со енергетската и ценовната криза и нивно надминување.

Преку формални и неформални состаноци директорката разговараше и за спроведувањето на даночни реформи и за сите мерки кои досега се преземени за справување со кризата,. Во рамки на овие средби се сретна и со заменик – помошникот на секретарот за техничка поддршка во Трезорот на САД, Вилјам Лари Мекдоналд. Канцеларијата на ОТА е подготвена да го поддржи развојот на капацитетите за управување со јавни финансии, борбата со сивата економија и политиките за спречување на перење пари.

На состаноците беа разгледани и можностите за продлабочување на економската соработка, спроведување на нови проекти во соработка со УСАИД и Амбасадата на САД во РСМ.

Делегацијата на овие средби ја доби поддршката за продолжување на приоритетни проекти поддржани од ЕБОР, преку кои се овозможува доближување на РСМ до стандардите на ЕУ. Во рамки на посетата од исклучително значење беа и средбите со потпретседателката на Светската банка (СБ), Ана Бјерде, извршниот директор на СБ, Кун Давидсе, регионалната директорка за Западен Балкан, Ксијаокинг Ју и директорот на СБ за земјава Масимилијано Паолучи. На овие средби се дискутираше за тековните движења и очекувањата за нашата економија, како и соработката со оваа меѓународна финансиска организација.

 

 

 

 

Извор: Управа за јавни приходи 

Прочитајте

МЖСПП: Шукова – Со инвестирање во крупни капитални проекти за подобрување...

0
Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалникот на општина Валандово...