spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Во соработка со општините излегуваме во пресрет на граѓаните

МТСП: Во соработка со општините излегуваме во пресрет на граѓаните

Низ еден повеќемесечен дијалог и преговори со претставниците на СОНК го финализиравме колективниот договор. Го потпишавме и објавивме во службен весник и е веќе во сила. Колективниот договор содржи многу поволности и дополнителни права како и обврски за вработените во градинките.

15% поголема плата како што ветивме е дел од овој колективен договор, што значи дека со исплатата на септемвриската плата воспитачите, негувателите  и стручните тимови во градинките ќе добијат повисока плата“ изјави Тренчевска во утринската емисија на Македонската радио телевизија.

 

 

Таа исто така посочи дека во колективниот договор се опфатени и дополнителни надоместоци во случај на прекувремена работа или работа со група која што има повеќе деца од нормативите и стандардите. Тренчевска истакна дека ова е Колективен договор кој што ги унапредува правата на вработените во градинките.

Министерката на утринската емисија зборуваше и за информирањето на директорите на градинките за алатката MELQO кое што се одржа изминатата недела и каде присуствуваа 71 директор од детските јавни установи.

 

Таа посочи дека MELQO алатката го мери квалитетот на предучилишното воспитание и има дополнителен придонес кон неговото управување.

Тренчевска се осврна и на долгите листи на чекање за во градинките и истакна дека Министерството за труд и социјална политика останува во соработка со општините со цел изградба на нови градинки и проширување на капацитетите на постојните.

„Најкритични се скопските општини каде што имаме подолги листи на чекање во некои градинки е релаксирана состојбата односно нема листи на чекање затоа што имаме поголем број на капацитети. Во комуникација со скопските градоначалници и со општините навистина и во 2022 и 2023 година излегуваме во пресрет се со цел на граѓаните, на родителите кои што имаат деца на предучилишна возраст да бидат спокојни додека децата им се згрижени во предучилишните установи“ рече Тренчевска.

Министерката посочи дека  се градат нови градинки и дека во моментот во изградба се околу 13 градинки кои што треба да се отворат до крајот на оваа година додека дел од нив и во 2023 година. Таа истакна дека Буџетот за наредната година е направен и дека и таму се планирани нови градинки.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте