Директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски имаше свое обраќање на “ Опен Скопје” најголемиот шаховски турнир во нашата држава и еден од поголемите турнири од овој вид на Балканот.
На овој турнир има 135 учесници од дури 16 држави.
Турнирот е во организација на Шаховскиот Сојуз на Град Скопје, поддржан од Агенцијата за млади и спорт, FIDE (Светската Шаховска Федерација) Шаховската Федерација на Македонија и Градот Скопје.
Директорот Мојсовски наведе дека Агенцијата за млади и спорт е секогаш тука за подршка на сите спортски настани, турнири, оваа година турнирот е возобновен и се надеваме на одржување на оваа традиција.
Извор: Агенција за млади и спорт