Карпош: Карпош и понатаму со најтранспарентен БУЏЕТ

ОпштиниКарпош: Карпош и понатаму со најтранспарентен БУЏЕТ

Најчитано

Општина Карпош, според индексот на отвореност, повторно е оценета со највисока оценка за буџетска транспарентност. Според Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, Карпош е со највисока вредност на буџетска отвореност од 73.4, а тој индекс покажува и вклученост, праведност и отчетност на општинската каса, односно за начинот на трошење на парите на граѓаните, како главни алиментатори на Буџетот. Овој индекс, според ЗМАИ е сеопфатен индикатор за оценување на општинскиот буџетски процес за една фискална година, и според него просечната вредност на Индексот на отворени општини (ИОО) за 2021 година во државата е 32,4. Според поставените стандарди за отвореност, една општина мора да има индекс од барем 61 за да има задоволително ниво на отвореност

 

Резултатите од истражувањето на ЗМАИ покажале дека општините во Македонија, во 2021 година не ги отвориле доволно своите буџети до граѓаните. Тие резултати опстојуваат низ сите три димензии на отвореноста преку кои се формира индексот: транспарентност, вклученост и праведност и отчетност. Просечната оценка за димензијата транспарентност е 39, за вклученост и праведност е 18, а за димензијата отчетност е 40.

 

Топ пет општини со задоволително ниво на отвореност минатата година биле Карпош, Центар, Гевгелија, Битола и Валандово, а со најмала отвореност Арачиново, Демир Капија, Чучер Сандево, Пласница и Тетово.

 

Инаку за поголема транспарентност на буџетот од исклучително значење е вклучување на граѓаните во неговото концепирање, издавање на буџетот во отворен формат (exel), како и изработка на граѓански буџет кој се комуницира со граѓаните преку интернетстраницата и сите социјални мрежи.

 

Детално извештајот може да го прочитате на следниот линк https://zmai.mk/wp-content/uploads/2022/10/index-mk-2021-min.pdf

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе