Градоначалникот Хекуран Дука имаше средба со претставници на СОС Детско село Скопје, а беше разговарано за кампањата- ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ-СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ.
На ова средба се зборуваше за идни заеднички активности, каде што ќе биде организиран настан и повик до граѓаните за пријавување на згрижувачки семејства во Општина Дебар со претставување на бенефитите и финансиската поддршка кои ја имаат згрижувачите од државата.
Извор: Општина Дебар