HomeОпштиниДелчево: Ново детско катче во ЈЛБ „Илинден“

Делчево: Ново детско катче во ЈЛБ „Илинден“

spot_img
spot_img

Во просториите на ЈЛБ „Илинден“ е ставено во функција детско катче, каде е поставено богатството од детска литература, надополнето со басни, сликовници и боенки. Во просторот наменет за децата поставени се нови рафтови за книгите, како и масички и столови.

Како што истакна директорката на библиотеката, Билјана Петровска, ова катче претставува волшебен портал до нови светови за децата.

-Кога ќе се трудиш да работиш домаќински, па и покрај сè, ќе заштедиш некој денар, па со него ќе направиш нешто корисно, не може да не се радуваш. Со оглед на тоа колку простор има ЈЛБ„Илинден“ или колку недостасува, мило ни е што, сепак, успеавме да направиме еден вид детско катче. Овој простор беше темен, некако натрупан и неискористен правилно.

Од денес е светол, шарен, полн басни, сликовници, боенки и разни содржини за деца. Цениме дека ова катче уште повеќе ќе ги привлече децата кон книгите и на  начин ќе ја засакаат книжевноста и ќе станат страсни читатели и редовни членови на библиотеката, истакна Петровска.

Извор: Општина Делчево 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија