Во просториите на општина Гази Баба градоначалникот Бобан Стефковски одржа средба со претставници на компанијата Маквелд ДОО – Теламон Европа во Македонија кои имаат свој капацитети за работа на територија на општина Гази Баба.
На средбата разговараа за подобрување на патната инфраструктура, имајќи предвид дека компанијата создава нов индустриски објект во кој ќе се отворат нови работни места за 600 луѓе.
Општина Гази Баба останува отворена за соработка со компаниите кои имаат индустриски објекти на нашата територија.
Извор: Општина Гази Баба