spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Бабовски учесник на 85 Советодавен форум на ЕФСА

АХВ: Бабовски учесник на 85 Советодавен форум на ЕФСА

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, во Прага, Република Чешка, учествуваше на 85 состанок на Советодавниот форум на Европската Агенција за безбедност на храната – EFSA на кој беа разгледани  голем број теми од областа на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните. Во фокусот, на Форумот, акцент беше ставен на состојбата со болеста африканска чума кај свињите која е присутна во повеќе европски земји и во регионот, а со која напори за справување вложува и нашава земја.

 

efsa 2

 

На Форумот  се разговараше и за можноста за унапредување на методологиите за проценка на ризикот од животната средина, преку формирање на таканаречено Партнерство на ЕУ за проценка на ризикот од животната средина, а членките го дефинираа и новиот оперативен план за работа на контакт точките на ЕФСА  до 2027 година.
 

efsa 3

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте