spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedАХВ: Микропластика во прехранбени производи (ФАО извештај)

АХВ: Микропластика во прехранбени производи (ФАО извештај)

Во последните педесет години, количината на пластика произведена на годишно ниво постојано се зголемува. Ова укажува на голема побарувачка на пластика, што може да се види и од широкиот опсег на апликација на овој материјал во секојдневниот живот. Пластиката најчесто се употребува за производство на амбалажа (околу 40 проценти), а потоа следи употреба во градежништвото, автомобилската индустрија, електрониката и материјалите за домаќинството. Таквата употреба е поттикната од ниската цена и поволните карактеристики на пластичните материјали. Сепак, истите тие карактеристики ја прават пластиката помалку склона кон деградација, со што се зголемува истрајноста во животната средина, со потенцијални последици не само за одржливоста на животната средина, туку и за безбедноста на храната и јавното здравје.

Како последица на несоодветното отстранување и ефектите од човечките активности и природата, пластиката може да се разложи на помали честички кои генерално се категоризирани по големина како макро- (> 25 mm), мезо- (25 mm-5 mm), микро- (5 mm-0,1 µm) и нанопластика (< 0,1 µm). Од горенаведените категории на големини, микропластиката и во помал степен нанопластиката добиваат значително внимание во дискусиите за безбедноста на храната поради нивниот потенцијален трансфер преку синџирот на исхрана и нивното последователно влијание врз здравјето на луѓето.

Голем број студии ја евалуираат појавата на микро и нанопластиката во храната, особено микропластиката која што е пронајдена во производи од риба , како и  во шеќер, мед, пиво и вода. Извештаи во научната литературата ги наведуваат штетните здравствени ефекти како што се невротоксичност, оксидативен стрес и имунотоксичност меѓу главните последици од изложеноста на микропластика.

Овој документ го собира и илустрира она што е веќе познато, а исто така ги пополнува и празнините во знаењето за присуството на микропластика и хемикалии поврзани со пластика во прехранбените производи, врши проценка на изложеноста на овие синтетички материјали и обезбедува информации за нивните можни биолошки ефекти врз луѓето.

Извештајот е консолидиран од група избрани експерти и претставува основа за идните вежби за проценка на ризик, а информациите може да се користат за обезбедување опции за управување со ризик.

 

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...