spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алити на одбележувањето на шестата годишнина на Универзитетот „Мајка Тереза“

МИОА: Министерот Алити на одбележувањето на шестата годишнина на Универзитетот „Мајка Тереза“

На покана на ректорот Изет Зеќири, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити учествуваше на прославата по повод шестата годишнина на Универзитетот „Мајка Тереза“.

По тој повод, министерот Алити им честиташе на сите соработници на овој универзитет, вклучително и професори, асистенти и академски кадар, за нивната посветеност и неуморна работа во произведувањето на образовни и академски вредности.

 

Исто така во својот говор, министерот се осврна на важноста на овој универзитет и во однос на улогата на институција која носи промени, трансформации и социјален развој, како и во создавањето можности за сите млади Албанци да студираат на својот јазик и во понудата на области на студирање во различни профили кои се дефицитарни кај нас.

Министерот Алити им честиташе на студентите и дипломците на УМТ, кои со своите достигнувања се носители на достоинственото претставување на овој универзитет. Истовремено, информираше дека како министер и владин претставник целосно го поддржува овој храм на знаење во остварувањето на неговите стремежи..

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...