Ние како Министерство за информатичко општество и администрација, одговорни за законите поврзани со медиумите, жестоко реагираме во врска со вчерашниот напад врз новинарот Зоран Божиновски.
Како земја која се залага за европски вредности и влез во Европската Унија, мораме да создадеме соодветна клима новинарите да ги извршуваат своите должности и функции без пречки. Ваквите напади врз медиумските работници не придонесуваат за развојот на демократијата и толеранцијата.
Бараме ургентно од органите на прогонот и истражителите да го истражат и расветлат случајот до крај. Виновниците да ја добијат заслужената казна и ваквите случаи никогаш повеќе да не се повторат.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација