HomeВладаПреку заедничка соработка ги правиме промените и ја движиме земјата кон ЕУ

Преку заедничка соработка ги правиме промените и ја движиме земјата кон ЕУ

spot_img
spot_img

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ се сретна со директорот на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) за Северна Македонија, Давид Оберхубер.

На средбата беше разговарано за досегашната успешна соработка со нашиот стратешки економски и политички партнер, Сојузна Република Германија, преку активноста на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) и се разгледаа можностите за соработка во релевантните области на европската интеграција како и за други области од интерес на македонските институции.

Вицепремиерот Маричиќ на состанокот ги потенцираше конкретните придобивки што ги имаме од соработката со ГИЗ, додавајќи дека нивното разновидно знаење и стручност се исклучително важни, а нивните пренесените искуства применливи, особено сега кога ги започнавме преговорите со ЕУ.

Соговорниците на средбата ја потврдија важноста и значењето на континуираната поддршка и соработка што нашата земја ги добива од Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) во процесите важни за јакнење на институционалните и економски капацитети на државата, што се од исклучително значење за напредокот на нашата реформска агенда и евроинтегративниот процес.

Маричиќ на средбата се заблагодари за посветеноста и искрената волја за соработка и со директорот на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ), Оберхубер се договорија дека ќе ја продолжат блиската соработка и во иднина, особено во различни проекти поврзани со спроведувањето реформите и реализацијата на европската агенда.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија