spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Форум посветен на здравјето и добросостојбата на младите од земјите од...

МЗ: Форум посветен на здравјето и добросостојбата на младите од земјите од Западен Балкан

Министерот за здравство, д-р Беким Сали, учествуваше на форумот посветен на здравјето и добросостојбата на младите од земјите од Западен Балкан, што се одржа во Тирана, Албанија, во организација на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа и претставништвото на УНФПА, како и младинските организации од државата.

– Пандемијата со Ковид-19 ни покажа дека младите се наши партнери во заштита на здравјето, а меѓу главните теми на кои е неопходно заеднички да се фокусираме  е ангажираноста на младите лица и носителите на одлуки за прашања од областа на здравјето, пристапот до здравствени услуги, репродуктивно и сексуално здравје, социјалните нееднаквости, со посебен акцент на грижата за менталното здравје. Студиите покажуваат дека е алармантно влијанието на Ковид-19 врз менталното здравје кај адолесцентите и кај 30 отсто од нив се забележани од умерени до сериозни симптоми на депресија. Младинските организации имаат значајна улога во обезбедување поддршка и совети за ментално здравје меѓу младата популација, истакна министерот Беким Сали во своето обраќање на форумот.

На маргините на Форумот, министерот Сали оствари билатерална средба со албанската министерка за здравство и социјална политика, д-р Огерта Манастирлиу. Во пресрет на меѓувладините средби на Република Северна Македонија и Р. Албанија. На средбата се потенцираше потребата од измени на Спогодбата меѓу државите во областа на медицинските науки и тоа во делот на дигитализацијата, фармацијата, размена на искуства меѓу лекарите и соработка на коморите од двете држави.

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

МЗШВ: Ќе биде исплатена финансиска поддршка за произведена и предадена слива...

0
Денеска исплатата кон земјоделците продолжи. Ќе бидат исплатени корисниците од мерка 1.4 произведена и продадена слива од Програмата за Интервентен фонд за 2024 година. Исплатата ќе...