spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Соработката меѓу нашите држави продолжува во иста насока

МТСП: Соработката меѓу нашите држави продолжува во иста насока

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска завчера оствари протоколарна средба со амбасадорката на Република Србија во Република Северна Македонија, Невена Јовановиќ.

На средбата разговараа за блиските билатерални односи помеѓу државите, можностите кои ги нуди Отворен Балкан како и предизвиците со кои се соочуваат државите во регионот во однос на младите и иселувањето.

На почетокот од средбата и двете страни изразија благодарност за досегашната соработка како и за поддршката во време на економска и енергетска криза. Разговараа и за можностите кои што ги пружа Отворен Балкан и како тоа позитивно влијае на билатералните односи помеѓу државите.

„Ви благодарам на целата поддршка што Република Србија ја дава на Република Северна Македонија, нашето врвно раководство и премиерот и претседателот се во постојана комуникација со претседателот и премиерката на Србија и навистина во овие тешки кризни моменти ви благодарам на поддршката што ја давате на нашата држава. И во делот на земјоделието како и гас и електрична енергија, за се она што во моментот е како предизвик за нас, ја добиваме поддршката од  вас“ рече Тренчевска.

Амбасадорката посочи дека Република Северна Македонија ја има целосната поддршка од нејзина страна кога станува збор за унапредување квалитетот на живот на граѓаните а особено на младите лица во државата. Посебно го стави акцентот на иселувањето на младите од државите како предизвик со кој што се соочува цел регион во моментот.

„Иселувањето на младите е предизвик. Кога ќе го отвориме пазарот помеѓу Република Северна Македонија, Република Србија и Албанија ќе значи многу и за нашите еконимии, проширувањето на можностите на пазарот на трудот како и на задржувањето на младите во родните земји. ИТ секторот кај вас е доста развиен, го следиме вашиот пример и се залагаме и кај нас да го постигнеме истото. Да создадеме една критична маса на млади кои што ќе имаат можност да работат за компании од надвор но сепак да останат во нашата држава“ рече Тренчевска.
На крајот од средбата се согласија и двете страни дека понатамошните заложби треба да бидат во насока на вложување во младите лица во државите затоа што тоа значи влог во иднината.

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...