МТСП: Заедно да ја подигнеме свеста на граѓаните и компаниите за важноста на Безбедноста и здравјето при работа

МинистерстваМТСП: Заедно да ја подигнеме свеста на граѓаните и компаниите за важноста...

Најчитано

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска  присуствуваше на настанот за подигање на свеста за улогата и значењето на заштитата на здравјето и безбедноста на работните места реализиран по повод Европската недела на безбедност и здравје при работа во организација на Министерството за труд и социјална политика заедно со Советот за безбедност и здравје при работа поддржан од Фондацијата „Фридтих Еберт“.

„Сметам дека безбедните работни места значат продуктивни и задоволни работници затоа заедно можеме да постигнеме да ги заштитиме работниците. Кога велам заедно, навистина мислам на сите нас овде, компаниите, организациите како и институциите кои ги претставуваме. Заедно да ги одржуваме работните места и работите процеси пред се здрави и безбедни за работниците“ рече Тренчевска.

Таа ја истакна важноста на заложбите на компаниите во ефикасното спроведување на законски утврдените мерки, права и обврски следејќи ги современите трендови, достигнувања, практики и искуства.

На настанот исто така беа доделени и Национални награди за компаниите со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа.

„И оваа година, согласно веќе воспоставената пракса се реализираше и се спроведе постапката на оценување на системите за БЗР во рамки на компаниите од Република Северна Македонија кои се пријавија на јавниот повик.  Изборот и годинава е во организација на Советот за БЗР, со силна поддршка од Министерството за труд и социјална политика, и со вклученост на стручни лица за безбедност при работа и доктори по медицина на трудот кои учествуваа во евалуацијата на компаниите“ истакна Тренчевска.

Министерката посочи дека компаниите и покрај состојбите со кои се соочуваат изминатиот како што е пандемијата, економската и енергетската криза сепак ги останаа доследни на постојаното подобрување, унапредување и модернизирање на системите за БЗР.

Добитници на Националните награди за оваа година беа компаниите: Макстил – Скопје, Кнауф Радика – Дебар и Комфи Ангел – Прилеп.

 

На крајот од своето обраќање Тренчевска се заблагодари на компаниите за придонесот кон обезбедување на побезбедна и поздрава работна средина за сите работници.

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе